Со автобуси на општинското претпријатие за јавен превоз „Тетово Транспорт“ од сабота повторно почнува превоз на релација Тетово – Попова Шапка и назад.
Граѓаните ќе имаат можност да користат два термини за поаѓање од Тетово кон Попова Шапка во 08:00 и од 10:00 часот и исто толку за враќање во 14:45 и во 16:00 часот. Повратен билет ќе чини 200 денари.
За разлика од минатата скијачка сезона, односно од јануари 2025 кога имаше четири линии за патување кон скијачкиот центар сега има само две.




