дома Локално Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција

  Општина Аеродром го осудува синоќешниот вандалски чин во паркот „Бановина“, каде е искршена урбаната опрема, оштетена е фонтаната, а обиена е и чуварската куќа.

Од Општината нагласуваат дека брутално е уништена заедничката сопственост на сите граѓани и додаваат дека ваквите постапки нема да бидат толерирани, а случајот е веќе пријавен во полиција.

– Апелираме до граѓаните: да го чуваме она што е наше, да пријавуваме вандализам и да покажеме дека сме зрела и одговорна заедница. Само така можеме да имаме уредена, безбедна и достоинствена општина, се вели во соопштението.

Паркот „Бановина“ неодамна беше целосно обновен, со нова, современа урбана опрема за уживање на сите генерации

ПредходнаФилипче: Јавен линч и црни кампањи, а Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава
СледнаСнема парно во пола Скопје. ЕСМ јави се !