Во сите региони се присутни минусни температури и појава на мраз, па се препорачува зголемена внимателност, особено во раните утрински часови при движење по коловозите и тротоарите.

Најстудено утрово е во Берово, каде што се измерени -10 степени Целзиусови. Во Скопје – Петровец температурата се спушти до -8°C, додека на Скопје – Зајчев Рид се измерени -6°C.
Во сите региони се присутни минусни температури и појава на мраз, па се препорачува зголемена внимателност, особено во раните утрински часови при движење по коловозите и тротоарите.
На метеоролошката карта јасно се забележуваат ниските температури низ целата земја, што укажува дека студениот бран и понатаму е присутен.




