дома Локално Граничните премини и денеска блокирани за камионските превозници

Граничните премини и денеска блокирани за камионските превозници

  Поради протест на камионските превозници, блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата, за товарниот сообраќај.  

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПредходнаДенеска пратенички прашања во Парламент
СледнаВИДЕО: Трендафилов објави видео за посетеноста на протестот за повисоки плати