дома Локално Магла на патот Тетово – Гостивар, одрон на патниот правец Берово –...

Магла на патот Тетово – Гостивар, одрон на патниот правец Берово – Струмица

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај с.Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри.

На останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

ПредходнаССМ ДОНЕСЕ ОДЛУКА! Генерален штрајк доколку нема повисоки плати до овој датум
СледнаБитолскиот совет изгласа поскапување на цените на јавните услуги