дома Македонија Црна хроника Криминалецот Симе кој се сликал со Мицкоски пукал со калашников

Криминалецот Симе кој се сликал со Мицкоски пукал со калашников

Излезе цел албум со слики на Мицкоски со криминалецот С.З., познат како Симе, уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари; соопштија од СДСМ.

„Откако ВМРО тврдеше дека станува збор „само една фотографија“, излегоа повеќе. Од тогаш молк.

Молчи ВМРО, молчат институциите ,велат од СДСМ.

Се бега од одговор каква е поврзаноста на Мицкоски и ВМРО со криминалецот Симе?

Свиркачи до АКТ СДСМ доставија видео на кое се гледа како Симе, криминалецот од сликите со Мицкоски, пука со автоматско оружје – калашников.

На собир со знамиња на ВМРО, Симе пука со калашников. Самото поседување автоматско оружје е незаконско, а пукањето покажува дека предизвикал и општа опасност.

Кој смее вака да се однесува и ова да го прави? Пукање со калашников пред маса на луѓе и воопшто да не се грижи дали ќе биде уапсен?

Само оној што е директно поврзан со власта, оној којшто е заштитен од власта и работи за неа.

Мицкоски не може да се крие, мора јавно да одговори – што го поврзува со криминалецот Симе?“, прашуваат од СДСМ.

 

ПредходнаПолициска акција во центарот на Скопје: Приведен бегалец од „Идризово“ осуден на пет години затвор
СледнаОбвинителството отвори истрага по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД