дома Локално Граѓаните на општина Кисела Вода сами си ги санираат улиците

Граѓаните на општина Кисела Вода сами си ги санираат улиците

 

Тоа е пракса на неработење на целото опкружување на Скопје  и Град Скопје и општините во нив. Се чисти и функционираат само главните улици, сообраќајници, булевари, каде што има поголема фреквенција, и кадем што гласачите гледаат , а се   друго, уште ако знаат дека не гласаат за градоначалникот , не му се сопаритијци ,  е крш, велат граѓаните.

Денеска граѓани на Општина Кисела Вода, од н. Драчево, со самоорганизација ги пополнувале дупките на делот од улица Речиште, за кој веќе подолг временски период чекаат било каква реакција од самата Општина, која е надлежна за да го санира делот.

Според информациите кои ги има Infomax, улицата стоela раскопана од мандатот на претходниот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

Откако новата градоначалничка Бети Стаменковска, ја презема функцијата Градоначалник на Општина Кисела Вода, по повторна молба и барање од страна на граѓаните, Општината дала ветување дека проблемот ќе биде решен.

Но, поради тоа што сѐ уште никој нема преземено никаква активност, денеска, тие со самоорганизација, знаејќи дека е незаконски, сепак се одлучиле да го решат проблемот самите, бидејќи со години истиот постои, а молкот од страна на надлежните продолжува.

Овој пат Општината била доволно и брза постапила, со тоа што испратила вработени за да ги известат граѓаните дека тоа што го преземале е незаконски !?

Инаку во повеќе општини во и околината на Скопје, таму каде што градоначалниците  немаат интерес,  или немаат гласачи, отворено велат деа немаат интерес да ги средувааат работите и многу често граѓаните  сами си средуваат на свој трошок , Тикму затоа и си носат самите тампон, крпат дупки, прават одвод, септички, и плакаат булдожери за порамнување на патот. Многу често граѓаните реагираат за фрлање ѓубре на споредни патчиња, а градоначалниците не што не го чистат туку им велат на тие што пријавуваат , да бидат пазачи. Замислите им препорачуваат граќаните да били и кодочи и пазачи па да седеле и да ги сликале тие што фрлаат, ако можело и регистрацијата , а потоа да  ги пријавеле. Тоа е пракса на неработење на целото опкружување на Скопје  и Град Скопје и општините во нив. Се чисти и функционираат само главните улици, сообраќајници, булевари, каде што има поголема фреквенција, и кадем што гласачите гледаат , а се   друго, уште ако знаат дека не гласаат за градоначалникот , не му се сопаритијци ,  е крш, велат граѓаните.

ПредходнаОрце се пофали- „Момин поток“ се гради наголемо
СледнаПроменливо облачно со повремен дожд