дома Локално Орце се пофали- „Момин поток“ се гради наголемо

Орце се пофали- „Момин поток“ се гради наголемо

Ѓорѓиевски: Скопје добива нов лик, интензивно се работи на клучката кај „Момин Поток“ и на „Љубљанска“

  Изминатава недела се работи со засилено темпо на точки кои со години беа закочени, а дел од нив останаа само лажно ветување, информира градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Како што објави Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил, Скопје добива нов лик.

– На клучката кај „Момин Поток“ се работи со полна пареа. На „Љубљанска“, од огромно значење за жителите на Карпош, динамиката е јасно видлива. Паралелно, напредуваат и градежните работи на „Перо Наков“ во Гази Баба, клучна сообраќајна артерија по која секојдневно поминуваат илјадници граѓани. Ова е само почетокот на сериозна, одговорна и посветена трансформација. Скопјани заслужуваат град со визија, ред и достоинство, стои во објавата на градоначалникот на Град Скопје. мд/

ПредходнаИстражна постапка против три лица за „злосторничко здружување“, определен притвор
СледнаГраѓаните на општина Кисела Вода сами си ги санираат улиците