дома Македонија Муцунски се чул со израелскиот колега, светските лидери повикуваат на максимална воздржаност

Муцунски се чул со израелскиот колега, светските лидери повикуваат на максимална воздржаност

Откако јавно преку платформата Икс застана во одбрана на САД за конфликтот на Блискиот Исток, шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски телефонски се слушнал и со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саʼар.

Тимчо Муцунски         Во разговорот беше реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност. Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето.
Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, информира попладнево Министерството за надворешни работи.

Македонија застана зад потегот на САД и Израел, додека повеќето европски лидери, меѓу нив и францускиот претседател Емануел Макрон ги оценија случувањата на Блискиот исток како случувања со сериозни последици за меѓународниот мир и безбедност и побараа итен состанок на Советот за безбедност.

ПредходнаФормиран кризен штаб, 11 граѓани побарале евакуација
СледнаЗа утре свикан Советот за безбедност на Северна Македонија