дома Македонија Се повеќе македонски граѓани бараат помош по случувањата на Блискиот Исток

Се повеќе македонски граѓани бараат помош по случувањата на Блискиот Исток

Се повеќе македонски граѓани затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток побарале помош во амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби и на СОС телефонот во Министерството за надворешни работи во Скопје.

– Со сите пријавени лица се одржува постојан контакт, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата, велат од Министерството за надворешни работи.

        Ги повикуваат македонските граѓани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи.

За дополнителни информации и помош, на располагање се:

СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732

Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532

Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546

Поради ситуацијата на Блискиот Исток во 18 часот е свикан и Советот за безбедност.

ПредходнаВО ТРКАТА ЗА НАГРАДАТА „РОМАН НА ГОДИНАТА“ ОСТАНАА 11 РОМАНИ
СледнаСеверна Кореја испрати околу 33.000 контејнери со оружје во Русија