дома Македонија Уставниот суд ги отфрли сите иницијативи со кои се спореше „Безбеден град“

Уставниот суд ги отфрли сите иницијативи со кои се спореше „Безбеден град“

Уставниот суд ги отрфли сите иницијативи со кои се спореше системот „Безбеден град“.

„Безбеден град“ и измените на Законот за прекршоците не се косат со Уставот и нема основа за поништување на законските одредби, е ставот на мнозинството уставни судии.

Уставните судии расправаа по три иницијативи и тоа две од крилата на Алијанса за Албанците предводени од Зијадин Села и Арбен Таравари и една иницијатива поднесена од правникот Или Пачуку.

Се спореше тоа што системот „Безбеден град“ се применува само во три градови во државата и тоа што СМС пораките за сторен прекршок не се двојазични.

 

ПредходнаНема да има зголемување на цените на производите, уверуваат од Владата и големите маркети
СледнаИран го шокираше Трамп во Хормуз. Тоа е огромен проблем за целиот свет