дома Локално Сончево и топло, наутро – 4 степени, преку ден до 21

Сончево и топло, наутро – 4 степени, преку ден до 21

  Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Утре ќе се задржи претежно стабилно и сончево време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

ПредходнаМакедонија да си ги заврши обврските кон ЕУ.Усвоен документот за стратегијата за проширување на ЕУ
СледнаПочина актерот Кирил Поп Христов-Кили