дома Македонија Новиот државен обвинител не ја коментира изјавата на Мицкоски

Новиот државен обвинител не ја коментира изјавата на Мицкоски

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески денеска не сакаше да ја коментира вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој од собраниската говорница го повика Савески повторно да ги актуелизира случаите за Катица Јанева и однесувањето на одредени обвинители.

Вчера, на седницата за пратенички прашања премиерот рече дека очекува јавниот обвинител да постапи по овие предмети, а доколку тоа не го стори, како што рече, ќе продолжиме да живееме во држава во која одредена група на граѓани ќе останат повластени, а најгоелмиот дел ќе живеат во очај.

ПредходнаНе е избран шеф на Вишото јавно обвинителство
СледнаФилипче најави 4-дневна работна недела