На Водно денеска од 10 часот почнува петтата атлетска трка „Водно 10К“ што ја организира атлетскиот клуб „Фортиус“.
Пријавени се 500 натпреварувачи кои ќе трчаат 9,6 километри. Стартот на трката е на долниот паркинг на Средно Водно, а рутата на движење на атлетската трка е по асфалтниот пат (Р2138) до манастирот „Св.Пантелејмон” и назад. Покрај трката од 10км, ќе се трча и штафетна трка.
Оваа делница ќе биде затворена за сообраќај од 06:00 до 13:00 часот.
Поради трката ќе биде воведен посебен сообраќен режим односно сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.




