дома Локално Зголемување на водостојот на реките поради најавените врнежи

Зголемување на водостојот на реките поради најавените врнежи

Наредните денови се очекува зголемување на водостојот на поголемите реки низ земјава особено на оние во јужните и централните делови на државата и долж Повардарието, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи.

Денеска поголеми врнежи се очекуваат во јужните делови на земјата (околу планинскиот масив Кожуф) и во централните делови, односно во пределот на планинскиот масив Солунска Глава.

– Предупредуваме за можно зголемување на водостоите на реките во овие делови на земјата. Можни поголеми зголемувања на водостоите и полнење на речните корита пред се на помалите реки и суводолиците се можни во Гевгелиско-Валандовската котлина, во Кавадаречко-Неготинскиот регион, како и во југоисточните и источните делови на земјата, апелира Центарот за управување со кризи пренесувајќи информација од УХМР.

Се апелира на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на наредните неколку дена.

ПредходнаСаздов сведочеше што се случувало пред самоубиството на Ивана
СледнаТИТАН УСЈЕ: Националната регулаторна рамка за заштитата на животната средина е усогласена со законодавството на ЕУ и ние во целост ја почитуваме