дома Локално Поради дождовите заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино , потребно...

Поради дождовите заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино , потребно е да се преврива

 Заматена е водата за пиење во Кавадарци и Неготино  поради што  потребно е да се преврива, соопштуваат од јавните комунални претпријатија од двете општини.

– Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање, потребно е да се преврива. ЈП „Комуналец“ Кавадарци ја следи состојбата и дополнително ќе извести кога повторно ќе се нормализира, информираа од јавното претпријатие.

Известување за превривање на водата за пиење испратија и од неготински „Комуналец“.

Предходна„360 степени“: Имате избор – да бидете во право или да станете членка на ЕУ, вели црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ
СледнаНа Попова Шапка 77 сантиметри снег