дома ТОП ВЕСТИ Специјалци на терен: масовна акција против нарко-мрежа во неколку градови, полиција и...

Специјалци на терен: масовна акција против нарко-мрежа во неколку градови, полиција и во Грчец

Силно полициско присуство и координирана акција против нарко-криминал утринава беше спроведена на повеќе локации низ државата.

 

Неофицијално, МВР преку Бирото за јавна безбедност и Одделот за организиран криминал, во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, спроведува акција во Скопје, Штип, Струмица и во скопското село Грчец, пренесе Скопје1.

Цел на акцијата е криминална мрежа поврзана со трговија со кокаин, при што се вршат претреси на околу 15 локации и се опфатени повеќе лица.

Според неофицијални информации, меѓу приведените се споменуваат и имиња познати во криминалните кругови.

Од институциите засега нема официјална потврда. Според безбедносни извори, станува збор за поширока и неселективна акција насочена кон структури кои подолг период оперирале во сенка.

Според моментално достапните детали за рацијата, цел на операцијата е криминална мрежа поврзана со трговија со кокаин, при што се вршат претреси на околу 15 локации и се опфатени повеќе лица. Акцијата се одвива во Скопје, Штип, Струмица и Грчец.

Засега нема официјално соопштение со конечен биланс за бројот на приведени, ниту детали за евентуално запленета дрога. Дел од медиумите повикувајќи се на неофицијални информации јавија дека се апсат нарко-дилери во неколку градови, но институциите сè уште не излегоа со целосна потврда за исходот од акцијата.

ПредходнаВМРО-ДПМНЕ: Земал ли Заев 4 милиони евра мито за „бетонската џунгла“ во Тетово
СледнаЖените откриваат зошто повеќе жалат за авантурите за една ноќ