Готвачот Виктор Ангелов внесува нов живот во велигденската традиција со јагнешко месо, полека динстано во ориентални зачини и послужено во природен „чамец“ од модар патлиџан. Нежното месо со цимет, кардамон и каранфилче совршено го надополнува вкусот на модриот патлиџан. Заедно тие создаваат совршена рамнотежа за празничната трпеза.

Потребни производи:
За месото
- 800 г јагнешко месо (плешка и бут)
- 150 мл маслиново масло
- Мешавина од маринада (цимет, кардамон, каранфилче, сушена пиперка, сол, црн пипер)
- 3 чешниња лук
- 2 кромиди (сечкани)
- 2 големи модри патлиџани
- 2 лажички доматно пире
- 800 г конзервирани домати исечкани на коцки
- 2 лажици мед
- 500 мл супа (јагнешко или говедско)
За сосот:
- 1 чаша јогурт
- 2 лажици таан
- 0,5 китка магдонос
- сол
- маслиново масло
- лимон
- лук
За кускусот:
- 200 г фин кускус
- 50 г суви кајсии
- 250 мл супа
- 1 лажичка мед
- сол
- куркума
- маслиново масло
Метод на подготовка
- Пресечете ги модрите патлиџани на половина по должина, извадете ја внатрешноста и исечете ги на големи парчиња. Зачинете со сол и оставете ги 15 минути за да ги испуштат горчливите сокови.
- Маринирајте го јагнешкото месо, исечено на големи парчиња, со маслиново масло, цимет, чадена пиперка, кардамон, каранфилче, сол и црн пипер.
- Во умерено загреан тавче, испржете ги чамците од модар патлиџан и тргнете ги настрана. Потоа испржете ги парчињата модар патлиџан и тргнете ги исто така настрана.
- Во истата тава, пржете го јагнешкото месо додека не добие златна боја. Додадете го кромидот, потоа лукот. Зачинете со мешавината од зачини.
- Додадете го доматното пире, а по една минута конзервираните домати и медот.
- Истурете ја супата и оставете на тивок оган 1,5-2 часа.
- Кога месото е готово и омекне, додадете ги пржените парчиња модар патлиџан и распоредете го јадењето меѓу чамците од модар патлиџан.
- Печете 20 минути на 200°C во рерна.
- Измешајте го јогуртот со таан, магдонос и нане. Зачинете со сол, маслиново масло, лимон и лук.
- Прелијте го кускусот со супата, додадете го медот, солта, куркумата и маслиновото масло. Оставете да набабри, а потоа додадете ги сувите кајсии.
- Сервирајте со кускус и сос од јогурт.




