Пожар, кој се проширил од површините околу паркингот под Калето во Скопје, попладнево зафати три паркирани автомобили, а брзата интервенција на пожарникарите спречила огнот да уништи повеќе возила на полниот паркинг.
Фото: Фејсбук / Милка Смилевска / скриншотНа видеото од пожарот кое го објави новинарката Милка Смилевска, се гледа како тој предизвикал паника кај возачи кои ги паркирале автомобилите таму, кои брзале да ги тргнат своите автомобили.
„Градот Скопје мора да ги ангажира комуналните редари. Пожарите мора да запрат. Секој ден воздухот во Скопје е загаден од неконтролирани огнови“, пишува Смилевска во објава на „Фејсбук“, во исто време заблагодарувајќи им се на скопските пожарникари за ефектната интервенција.
Снимка од пожарот објави и Армијата, информирајќи дека нејзин припадник, професионалниот војник Христијан Божиновски, прв се јавил кај командирот на Воениот стадион и побарал помош со ПП-апарати, а неговата брза реакција помогнала да се спасат другите паркирани коли.




