Уапсен Мухамед Мети Сејдини, екс претседател на ФФМ.

Првично се сомничи за проневера на 700.000 евра пари од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид.
Акцијата ја спроведува МВР во соработка со Јавното Обвинителство. Неофицијално, со доаѓање на новото ракoвoдство на ФФМ, увидени се злоупотреби и истите се пријавени до МВР.
Подолго време старото раководство на ФФМ беше производ на скандали кои утрово завршуваат со апсења.




