дома Македонија Општество Надзорна расправа во Собранието за спроведување на институционалните мерки за превенција и...

Надзорна расправа во Собранието за спроведување на институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство

 – Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите денеска ќе одржи надзорна расправа на тема „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“.

Воведно обраќање на надзорната расправа ќе одржи претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска.

Според агендата, во надзорната расправа ќе учествуваат заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, министерот за здравство Азир Алиу, државната секретарка во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска, државниот советник во Министерството за правда Никола Прокопенко, директорката на ЈУ Завод за социјални дејности, Скопје,  Душанка Петрова, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски,  Ана Аврамовска-Нушкова од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Себајете Зенку од Центарот за женски права Етика Гостивар, Весна Матевска, раководителка на програма за родово базирано насилство – ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, како и Маја Атанасова од Македонското здружение на млади правници.

ПредходнаВетувачки сознанија.Се истражува вакцина за еден од најсмртоносните видови на рак
СледнаСобранието ќе ја продолжи 98. седница и процедурата за укинувањето на техничката влада