Министерството за внатрешни работи потврди дека е загинат еден работник, а тројца се повредени во несреќата при ископ на нова зграда во Кисела Вода.
– Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја има затрупани работници. Тројца работници се извадени и пренесени со возило на Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник е пронајден починат, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
Претходно, од Министерството за здравство информираа дека двајца од повредените се со полесни повреди, а еден има скршеници на двете потколеници и на едната натколеница.




