дома Локално Жичницата кон Водно викендов нема да работи

Жичницата кон Водно викендов нема да работи

ЈСП Скопје информира дека викендов жичницата ќе биде привремено надвор од употреба поради проширени технички контроли.

– Жичницата на Водно ќе биде привремено надвор од употреба за време на викендот, односно  и денеска , недела , информираат од ЈСП Скопје.

Од претпријатието појаснуваат дека прекинот е поради редовни, но проширени технички контроли. Контролите ќе ги изведуваат специјализирани екипи од австриската компанија „Допелмаер“.

Според ЈСП, проверките се прават со цел да се обезбеди максимална безбедност и сигурност во работењето.

Надлежните им се заблагодаруваат на граѓаните за трпението и разбирањето и апелираат навреме да ги планираат своите активности, имајќи го предвид прекинот во функционирањето.

ПредходнаБран лажни бомби го тресе Балканот: Дали постои координирана дигитална мрежа?
СледнаДва автомобили изгореа во скопски Карпош