дома Македонија Црна хроника Два автомобили изгореа во скопски Карпош

Два автомобили изгореа во скопски Карпош

Два автомобили рано утринава изгореа во пожар во скопски Карпош. Министерството за внатрешни работи денеска излезе со детали за случајот. Повредени лица нема.
Според МВР, изгорени се патничко возило „ауди“ со гевгелиски таблички и возило марка „пежо 307“ со гевеглиски таблички.
– На 26.04.2026 околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Орце Николов“ и ул. „Никола Тесла“ во Скопје биле опожарени две возила: патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К.(58) и патничко возило „пежо 307“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К.(25). Повредени лица нема, а од пожарот бил оштетен семафор на ул.„Орце Николов“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Министерството за внатрешни работи.

ПредходнаЖичницата кон Водно викендов нема да работи
СледнаФилипче: Со оваа Влада не очекувајте ништо од евроинтеграцијата