дома Свет Паника во крипто светот: Хакери украдоа околу 75 милиони евра од „најбезбедното...

Паника во крипто светот: Хакери украдоа околу 75 милиони евра од „најбезбедното место“ за складирање биткоини

Хакери упаднаа во системот на канадската компанија „Коинкит“ при што украдоа повеќе од илјада биткоини чија пазарна вредност, според проценките, изнесува околу 75 милиони евра. Корисниците на т.н. крипто паричници можеа само да гледаат како нивните дигитални заштеди исчезнуваат, што предизвика голема паника во крипто светот.

Начинот на кој е извршен хакирскиот напад предизвикува изненадување кај експертите, бидејќа се сметаше дека крипто паричници се така дизајнирани пто гарантираат безбедно складирање на тајни дигитални клучеви.

Според експертот за криптовалути Томас Спас, овие паричници се сметаа за најсложени и најбезбедни во крипто светот, што го прави случајот уште поболен.

Поради грешка во софтверот хакерите со моќни компјутери, а можеби и со помош на вештачка интелигенција, беа во можност да ги копираат клучевите со што добија пристап до уредите. Интересно е што грешката во софтверот датира од 2021 година, а напаѓачите дури сега ја искористија за напад во големи размери.

Според Спас, тоа укажува дека целата операција е внимателно подготвена.

„Таа грешка постоеше веќе некое време, но чекаа досега. Ние сме во сезона на годишни одмори. Многу луѓе се отсутни од дома и немаат непосреден пристап до нивниот крипто паричник,“ вели Спас.

Како резултат на тоа, корисниците бавно реагираа за префрлање на своите средства. На социјалните медиуми, неколку корисници сведочат дека патувале кога дознале дека нивниот уред можеби е ранлив.

Спаас истакнува дека напаѓачите не дејствувале случајно, бидејќи многу од погодените паричници биле недопрени со години и содржат повеќе биткоини. Фактот дека големи количини биткоини биле повлечени од стотици паричници за краток временски период, според истражувачите, сугерира дека напаѓачите прво ги мапирале ранливите адреси пред да нападнат.

„Со тоа се справувале на добро организиран начин. Тие чекале на вистинскиот момент“, вели Спас.

Се проценува дека се украдени повеќе од 1.300 биткоини во вредност од околу 75 милиони евра. Но, таа сума може и да се зголеми дополнително.

„Секако, вклучени се големи и мали паричници, но просечниот обем на грабежот е сè уште значителен“, вели Спас.

Според него, инцидентот покажува дека и „најбезбедните“ уреди остануваат ранливи.

„Гледате дека е најдобро да не се потпирате на еден производител или еден систем. Добар совет е да користите мултипотпис, со паричници од различни брендови. На тој начин, ако еден бренд е компромитиран, другиот потпис останува безбеден,“ додава Спас.

Засега не е познато кој стои зад нападот. Постојат шпекулации за професионални или хакерски групи спонзорирани од одредени држави, како Русија или Северна Кореја, но засега нема конкретни докази за ова.

Спас, сепак, забележува и дека украдените биткоини ќе биде тешко да се „исперат“ преку регулирани крипто берзи. „Тоа е како да крадете голема залиха злато. Не можете едноставно да го продадете,“ додава експертот.

ПредходнаКавадарци вечерва се справува со неколку пожари
СледнаКако да се поставите откако вашето дете ќе замине на студии