СДСМ денеска излезе со соопштение по повод 9-годишнината од крвавиот 27 април 2027 година. Од партијата велат дека е ден кој останува најтежок потсетник колку брзо една, како што велат, недемократска и криминална власт може да ја оттурне државата во провалија.

Според СДСМ, не смее да се заборави насилството во Собранието, крвавите пратеници, нападите врз новинари…
-Но, уште пострашно е што денес ги гледаме истите тенденции. Истата екипа. Истата банда. Истата криминална матрица на ВМРО-ОКГ. Наместо правда, обиди за рехабилитација на насилниците. Наместо демократија, повторно заробени институции, притисоци врз судството, напади врз опозицијата и медиумска контрола, истакнуваат од партијата.
Од партијата додаваат дека под водство на премиерот Христијан Мицкоски, државата повторно се турка во истата опасна насока, кон заробена држава.
„27 април не е само сеќавање. Тоа е опомена. Никогаш да не се заборави, да не се повтори“, кажаа од СДСМ.




