дома Македонија Претседателот на Швајцарската Конфедерација во посета на Македонија

Претседателот на Швајцарската Конфедерација во посета на Македонија

Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан денеска ќе престојува во официјална посета на земјава.

Со највисоки државни и воени почести тој ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со која ќе има тет-а-тет средба.

Најавена е и заедничка прес-конференција на двајцата претседатели, а претходно пленарен состанок ќе одржат двете делегации.

Ги Пармелан ќе има средба и со претседателот на македонското Собрание Африм Гаши.

Според агендата планирано е и да положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

Поради посетата на претседателот на Швајцарската Конфедерација денеска во Скопје ќе има изменет сообраќаен режим.

ПредходнаМуцунски: Владата посветено работи на реформите, целта е да бидеме лидери во регионот
СледнаСовет на аеродроми на Европа: Помалите европски аеродроми во ризик поради кризата со гориво