Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан денеска ќе престојува во официјална посета на земјава.
Со највисоки државни и воени почести тој ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со која ќе има тет-а-тет средба.
Најавена е и заедничка прес-конференција на двајцата претседатели, а претходно пленарен состанок ќе одржат двете делегации.
Ги Пармелан ќе има средба и со претседателот на македонското Собрание Африм Гаши.
Според агендата планирано е и да положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.
Поради посетата на претседателот на Швајцарската Конфедерација денеска во Скопје ќе има изменет сообраќаен режим.




