Зелен хуман град бара затворање на зоолошките градинки во Македонија карактеризирајќи ги како места за тортура кон животните.
Ваквиот потег на Зелен хуман град е поттикнат од последните случувања во скопската ЗОО каде кон слоновите и нилскиот коњ беа фрлани камења, а млада девојка беше качена до кафезот на мајмуните.
– Сето ова претставува типичен пример првенствено за инхерентното насилство кое е вградено, наградувано и пожелно во капитализмот како економски и општествен систем до тој степен до кој не го ни забележуваме (за што доказ е и самото постоење на зоолошка градина како профитабилна форма на забава во која страдаат невини животни во ропство), велат од Зелен хуман град.
Бараат ЗОО да се транформираат во центри за конзервација и рехабилитација на повредени и напуштени автохтони животни на територија на државата.




