дома Uncategorized Над 27.000 деца од Македонија стануваат дел од Плазма спортските игри

Над 27.000 деца од Македонија стануваат дел од Плазма спортските игри

На плоштадот Македонија во Скопје денеска официјално за првпат почнуваат Плазма спортските игри за млади со што Македонија станува дел од оваа регионална спортска манифестација.

Над 27.000 деца од цела држава ќе бидат вклучени во разни спортски дисциплини коишто ќе се реализираат преку натпревари на локално, регионално и државно ниво, а најдобрите ќе одат на меѓународното финале кое годинава ќе се одржува во Сплит.

Плазма спортските игри е најголема младинска спортска манифестација која веќе 30 години организира спортски натпревари за деца од 6 до 18 години. Досега во игрите учествувале над 3.440.000 деца.

ПредходнаТрамп: Нормална земја би дозволила разорувачи да поминат, но Иран е управуван од ЛУДИ ЛУЃЕ
СледнаЗеленски: Некои странски претставници планираат парада во Москва. Ние не ја препорачуваме