Додека Европа стравува од недостиг на керозин и европските авиокомпании највауваат кратење на авиолиниите, министерот за транспорт Александар Николоски уверува дека во земјава имаме резерви за 90 дена и дека ги снабдуваме и аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш.
– Со керозин покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Успеавме Скопје да го направиме центар на четири аеродроми кој што прават снабдување од тука. Имаме резерви на керозин за 90 дена, законски е 60 дена, така што немама никаков проблем со снабдување, изјави Николоски во поткастот „Ноќно студио“.
Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската унија по најавите од европските авиокомпании дека недостигот на керозин би можел да се случи во рок од неколку недели доколку ситуацијата на Блискиот Исток остане непроменета, соопшти дека не постојат пречки европските авиокомпании да користат гориво од САД се додека тоа го прават безбедно.




