дома Локално Претпладне облачно со сонце, попладне локален дожд

Претпладне облачно со сонце, попладне локален дожд

Претпладне денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната од 22 до 28 степени.

Во Скопје, за денес не се најавуваат врнежи. Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Променливото облачно време со сончеви периоди ќе се задржи до почетокот на викендот. Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер и ќе дува засилен до силен ветер од западен правец со брзина над 60 километри на час. Во четврток во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Врнежи од дожд се најавуваат и во петок и сабота, а пообилни ќе бидат во сабота.

ПредходнаСедум странски државјанки работеле како танчерки во ноќен клуб во Охрид
СледнаКакви горива ќе точиме од полноќ, РКЕ ќе ги објави новите цени