дома Македонија 20.000 евра за фирмата од Батинци која непрописно фрлаше отпад во Долно...

20.000 евра за фирмата од Батинци која непрописно фрлаше отпад во Долно Лисиче

Фирмата ХСА – Конструкцион чиј камион беше затекнат дека фрла отпад од градежен шут на локацијата викана „Купишта“ во Долно Лисиче е казнет со 20.000 евра.
Општина Аеродром денеска соопшти дека од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочниот платен налог согласно член 130 од Законот.
Од Општината апелираат отпадот да се одлага прописно и да се почитуваат законските прописи. За непрописното фрлање отпад најавуваат санкции.

ПредходнаТаткото на Вања има вина, Обвинителството презентира аргументи пред Апелација
СледнаДелови од Куманово утре и задутре без струја