Поради можна инфекција со хантавирус, 12 вработени во болницата „Радбауд“ во холандскиот град Најмеген се ставени во карантин поради несоодветни безбедносни мерки, објавија денес холандските медиуми.

Дванаесет вработени во болницата „Радбауд“ беа вклучени во случајот на пациент – патник на крузерот „Хондиус“ кој беше позитивен на хантавирус, објавува „NL Times“.
Болничките работници не го следеа строгиот протокол при ракување со крв и урина на заразен пациент.
И покрај нискиот ризик од инфекција, вработените ќе останат во карантин шест недели како мерка на претпазливост, објави болницата „Радбауд“ во понеделник, без да прецизира дали лицата во ризик се медицински сестри, болничари, лекари, студенти по медицина или работат на други работни места.
Три лица починаа од хантавирус по неодамнешната епидемија кај 147 патници и членови на екипажот на крузер со холандско знаме.
Две од жртвите беа идентификувани како брачна двојка од холандскиот регион Фрисланд, додека третата беше пријавена како Германка.
Досега најмалку седум лица се позитивни на хантавирус, а неколку други се осомничени дека ја носат инфекцијата.




