Гори трева во близина на Парк шумата Гази Баба. Пожарот е во близина на последната автобуска станица на линијата 16.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека на терен се екипи од Бригадата за противпожарна заштита и дека нема опасност од ширење на пожарот. Се очекува пожарот брзо да биде изгаснат.
Пожарот е пријавен преку Единствениот број за итни случаи 112.




