Еден од обвинетите во случајот Пулс Љупчо Грнчиштанов, кој работел како инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, почина на 54-годишна возраст.
Обвинителството ја потврди информацијата информирајќи дека Грнчиштанов починал откако му се слошило дома. Оттаму информираат дека ќе биде издадена наредба за обдукција.
– Јавното обвинителство е известено. Обвинетиот починал откако му се слошило во домашни услови. Основното јавно обвинителство ќе издаде наредба за обдукција, велат од Обвинителството.
Грнчиштанов меѓу меѓу 34 обвинети на кои им се суди за тешки дела против општата опасност.
Тој функцијата главен инспектор ја вршеше од јануари 2013 до 16 март 2025 година кога се случи трагедијата во Пулс.




