дома Култура Слика украдена од нацисти од еврејски колекционер пронајдена во Холандија

Слика украдена од нацисти од еврејски колекционер пронајдена во Холандија

Слика украдена од еврејски колекционер за време на Втората светска војна е пронајдена во домот на семејството на поранешен висок офицер на СС во Холандија, објави познатиот уметнички истражувач Артур Бранд.


Сликата е „Портрет на млада девојка“ од холандскиот сликар Тон Келдер, која, според Бранд, со децении висела во ходникот на куќата на потомците на Хендрик Сејфарт, еден од високите соработници на нацистичкиот режим и командант на единицата Вафен-СС на Источниот фронт, објавува Шпигел.
Сејфарт соработувал со нацистичките власти за време на војната, а неговото семејство, според истражителите, дошло во посед на делото од колекцијата на еврејскиот трговец со уметнички дела Жак Гудстикер, чија колекција била конфискувана од Херман Геринг за време на окупацијата.
Истражителот Бренд, познат како „Индијана Џонс на уметничкиот свет“, рече дека ова е еден од најбизарните случаи во неговата кариера, истакнувајќи дека веќе вратил повеќе од 200 украдени уметнички дела низ цела Европа. Семејството кое ја поседува сликата наводно не било свесно за нејзиното потекло, но откритието предизвика дискусии за можното враќање на делото на наследниците на оригиналниот сопственик.

ПредходнаБез вода делови од Карпош и Чаир
СледнаАна Дангова Хуг нов предлог за судија во Стразбур