дома Локално Заловеното животно е волк, потврди ЗОО Скопје

Заловеното животно е волк, потврди ЗОО Скопје

Животното што беше заловено синоќа во Козле е волк, а не куче или мешанец, потврдија вечерва од Зоолошката градина во Скопје.
Оттаму велат дека се направени детали проверки и консултации со домашни и странски експерти и дека во ЗОО дошле и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословечки волчјак по кое трагаат веќе два месеца но се увериле дека не е нивното куче.
– Животното не е чипирано, измерено е дека тежи околу 25 килограми, а од страна на стручните служби беше земена и крв за биохемиска анализа и дополнителни испитувања. Волкот е млад, но неухранет и недоволно развиен за својата возраст, информираат од ЗОО.
Во ЗОО Скопје денес биле и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои исто така се уверени дека станува збор за волк ( Canis lupus).
– Апелираме до јавноста да не се шират шпекулации и дезинформаци, туку сите заедно повеќе да работиме на едукација дека диви животни не се чуваат како домашни миленичиња на ланец. Скопје ЗОО ќе продолжи внимателно да ги следи здравствената состојба и однесувањето на животното и ќе ја информира јавноста за сите понатамошни информации, велат од Зоолошката градина во Скопје.
ПредходнаГрадежен работник паднал од висина во Кочани – итно е пренесен во Скопје
СледнаФилков бара преиспитување на одлуката за мазутот, премиерот е изненаден од одлуката