Од денеска до средината на јули во општина Аеродром ќе се реализира пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад.
На повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе можат бесплатно да го оставаат својот стар и дотраен мебел.
Акцијата почнува во населбата Мичурин, каде денеска и утре бидат поставени контејнери на улицата „Анастас Митрев“ и
улицата „Венијамин Мачуковски“, а во среда и четврток на две локации на улицата „Владимир Комаров“.
За сите наредни локации и датуми граѓаните може да се информираат на официјалната веб-страница на Општина Аеродром aerodrom.gov.mk, поточно на линкот https://shorturl.at/Iisr6 каде што е објавен комплетниот план со точни термини и локации.




