Меѓу загинатите во тешката сообраќајна несреќа што се случи на скопската обиколница се и првенецот на Националната опера и балет баритонот Ристе Велков и неговиот 20-годишен син.
Од Велков, на социјалните мрежи веќе се простуваат неговите колеги.
Велков е еден од познатите македонски баритони кој како реновмиран солист–првенец на Македонската Опера и Балет, има настапува во Bellcanto продукции.
Во несреќата загина и 20-годишниот Петар Миланов од Скопје, а идентитетот на чертвтата жртва засега е непознат.
Од Министерството за внатрепшни работи информираа дека 76-годишен државјанин на Косово кој управувал товарно возило изгубил контрола над возилото и преку меналната ограда преминал во спротивната страна на автопатот по што удрил во патничкото возило „БМВ“.




