дома Култура Врачување на наградата „Роман на годината“ за 2025

Врачување на наградата „Роман на годината“ за 2025

 Во Друштвото на писателите на Македонија вечер во 19 часот ќе биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2025 година.

Врачување на наградата „Роман на годината“ за 2025Годинашен лауреат е писателката Оливера Ќорвезироска за романот „Три Марии“, во издание на „Арс Либрис“. Одлуката ја донесе петчленото жири составено од Калина Малеска, Ивана Трајаноска, Иван Антоновски, Иван Шопов и Катерина Богоева, со мнозинство гласови по повеќекратна селекција на пристигнатите дела.

На конкурсот, кој се одржува 27-ма година по ред во организација на Фондацијата „Славко Јаневски“, годинава конкурираа 46 романи, а жирито ја донесе одлуката со мнозинство гласови, по претходно неколкукратно селектирање на пристигнатите романи.

Наградата се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари и е поддржана од Министерството за култура и туризам, додека генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје.

Музичката атмосфера на свечената церемонија ќе ја надополни Диџеј Шурбе

ПредходнаВолстрит повторно расте: Инвеститорите внимателно ги следат Иран и цените на нафтата
СледнаБит пазарци спречуваат затворањето на див пешачки премин кај Бит-пазар