дома Македонија Прв протест против измените на Законот за игри на среќа

Прв протест против измените на Законот за игри на среќа

Здружението на вработени во игрите на среќа „Сакам да работам“ за денеска најавува протест против најавените измени на Законот за игри на среќа.
Ова е прв протест, а ќе се одржи во пет минути до 12 часот во трговскиот центар Лептокарија.
Според здружението „Сакам да работам“ со измените не се решава проблемот, туку се поттикнува нелегалното организирање на игрите на среќа, а загрозени ќе бидат околу 10 илјади работни места.
Владата, пак, тврди дека со новите законски измени ќе се воспостави ред и дисциплина, Премиерот Христијан Мицкоски неодамна изјави дека државата наликува на Лас Вегас и дека мора да се воспостави ред.

 

ПредходнаISW: Русија ги продава своите златни резерви за да плати за војната против Украина
СледнаКоја е разликата помеѓу сода и тоник?