дома Македонија Економија Утврдени неправилности кај откупувачи и добавувачи на земјоделски производи

Утврдени неправилности кај откупувачи и добавувачи на земјоделски производи

Комисијата за заштита од конкуренција констатира неправилности кај откупувачи и добавувачи на земјоделски производи.

Меѓу утврдените неправилности се – непостоење на писмени договори за откуп, користење на договори кои не ги содржат задолжителните елементи предвидени со Законот и неусогласеност на договорните одредби со законските обврски.

Комисијата информира дека неправилностите се утврдени при увидот направен кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица.

– Комисијата апелира до сите учесници во синџирот за снабдување со земјоделски и прехранбени производи доследно да ги почитуваат законските одредби, со цел обезбедување фер, транспарентни и рамноправни деловни односи, како и заштита на земјоделците и останатите добавувачи од нефер трговски практики, наведуваат оттаму.

ПредходнаФилипче за предлогот до Мицкоски: Каква широка влада, јасно кажав реформи и европска интеграција
СледнаМОБ: Македонската оперска сцена загуби исклучителен уметник и човек