дома Македонија Црна хроника Шест часа по несреќата нормализиран сообраќајот на скопската обиколница

Шест часа по несреќата нормализиран сообраќајот на скопската обиколница

Цели шест часа скопската обиколница беше затворена за сообраќај поради тешката сообраќајна несреќа во која, според објавите на Алсат, четворица го загубија животот по директен судир меѓу автомобил марка „бмв“ и камион.

ЈП Македонија пат синоќа соопшти дека од 23:30 часот се врши пренасочување на сообраќајот на патниот правец Велес –Тетово од клучка Мирковци до клучка Приштина заради случена сообраќајна незгода.

Сообраќајот е нормализиран од 05:30 изутрината.

Press24 сѐ уште чека официјални информации од Министерство за внатрешни работи за вчерашната несреќа.

Како што претходно објави Алсат, најверојатна причина за несреќата е преминување на камионот со косовски регистарски ознаки во спротивната лента. Според Алсат, возачот на камионот најверојатно загубил свест поради замор непосредно пред сударот со „бмв“-то.

Возилото е целосно пеплосано. Засега е нејасно дали во четворицата загинати во „бмв“-то се семејство или група млади луѓе, но засега Алсат не ја исклучува можноста меѓу  жртвите да има и деца.

Истражните органи во текот на ноќта извршиле увид на местото.

Несреќата се случила ноќеска, половина час пред полноќ.

 

ПредходнаКако откажувањето од кофеин влијае на нашиот крвен притисок
СледнаЕр Франс и Ербас се виновни за авионската несреќа каде загинаа 228 лица