дома Македонија Нова бомба од СДСМ: Тендерот за автобусите бил наместен за 12 милиони...

Нова бомба од СДСМ: Тендерот за автобусите бил наместен за 12 милиони евра повеќе

Социјалдемократскиот сојуз денеска излезе со нова бомба дека тендерот за електричните автобуси пропаднал затоа што бил наместен за 12 милиони евра повеќе.

– Овој документ што го држам во рацете е уште една потврда за тоа каква им била намерата. Ова е официјална претставка до Министерството за транспорт, која јасно и недвосмислено ја потврдува нашата теза: преземањето на надлежностите за набавка на автобуси не беше за да му се помогне на Скопје, туку за да се избере однапред договорена фирма, блиска до нивниот политички партнер Виктор Орбан. Овој допис јасно укажува на координиран чин на елиминирање на другите понудувачи за да се избере фаворизираниот, изјави Јон Фрчковски на прес-конференција.

Фрчковски рече дека свесно власта туркала поскап тендер за унгарските автобуси, но дека случајот го презел американскиот адвокатски тим „The Ticktin Law Group“, по што тендерот е поништен.

– Иако основниот критериум бил најниска цена, се избрало скап понудувач. Разликата е шокантна: постоела понуда која е поевтина за 12 милиони евра! Или по автобус, точно 78,563 илјади евра. ВМРО-ОКГ планирала да го оштети буџетот и граѓаните за речиси 12 милиони евра!, нагласи Фрчковски.

Ова, според СДСМ, е кривично дело за кое мора да има одговорност.

ПредходнаПоголемо финансиско друштво остана без дозволата за работа
СледнаФилипче: Граѓаните ќе плаќаат дополнителни 20 милиони евра за камати од задолжувањата