дома Македонија Променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и северен ветер

Променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 километри на час). На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени,

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно, во делови од котлината со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Според УХМР, за време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град. В понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, во вторник и во среда времето ќе биде претежно сончево и релативно топло. В четврток повторно се очекуваат врнежи.

ПредходнаДо крајот на мај нестабилно со дожд и грмежи и нешто сонце
СледнаЕУ и Мексико потпишаа нов трговски договор за намалување на царинитеМексико и Европската Унија потпишаа ревидиран трговски договор кој предвидува намалување на заемните царински тарифи, со цел двете страни да ги диверзифицираат своите економии и да ги заобиколат агресивните протекционистички мерки на американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат светските новински агенции. Преговорите за обновување на претходниот договор започнаа уште во мај 2016 година, но начелниот договор за трговските аспекти постигнат во 2018 година никогаш не беше ратификуван. Потпишувањето на новиот договор се одржа на официјална церемонија во мексиканскиот главен град, во присуство на мексиканската претседателка Клаудија Шинбаум и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамките на Осмиот самит Мексико – ЕУ. ссм/ фото: ЕПА