
Од почетокот на неделата до петок наутро, околу 23.000 луѓе аплицирале за субвенција, што значи во просек речиси 5.000 дневно.
Само во првите 24 часа имало 17.000 апликации, изјави министерот за заштита на природата Карстен Шнајдер.
„Имаме одличен одѕив“, рече тој. Купувачите се најмногу заинтересирани за чисто електрични автомобили, а аплицирале и многу домаќинства со средни и пониски приходи.
Според него, степенуваната социјална поддршка функционира.
Имено, износот зависи од финансиската состојба на купувачот и цената на моделот. До 6.000 евра ќе им се даваат на клиентите со пониски приходи, а помалку ситуираните клиенти ќе добијат помалку.
Услов за добивање субвенција за купување или лизинг на автомобил е возилото да биде ново, електрично, хибридно или мало бензинско возило со дополнителен електричен мотор што го зголемува дометот.
Државата, исто така, одобрува помош за возила купени од 1 јануари. Субвенцијата е достапна само за приватни купувачи, а не за компании за купување службени автомобили.
Владата планира да субвенционира купување до 800.000 возила.




