Пратеникот од редовите на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ги отфрла информациите за можна лидерска кандидатура во СДСМ.
Приоритет на партијата, според Спасовски, треба да биде зацврстувањето на единството, а не отворањето дебати за ново лидерство.
– Ниту е време да разговараме за претседател на СДСМ. Претседател на СДСМ имаме. Наша прва и основна одговорност – како на претседателот и раководството, така и на сите нас како членови – е да направиме сѐ за да зајакне партијата, вели Спасовски за „Ноќно студио“ на 4ТВ.




