Поради големо истекување на опасна хемиска материја во американската созјуна држава Калифонија околу 40.000 жители добија наредба за итна евакуација.
Причина е попуштен резервоар со капацитет од 26.000 литри во кој имало метилметакрилат – лесно запалива течна хемикалија што се користи во индустријата за производство на пластика.
Истекнувањето на оваа материја може да предизвика експлозија и да формира отровен облак над густо населено подрачје.
Инцидентот се случил во населено место во округот Оринџ, во јужните предградија на Лос Анџелес.
Досега нема податоци за жртви или повредени лица, а надлежните власти сè уште не ја соопштуваат точната причина за дефектот на резервоарот.




