дома Македонија Спасени две девојки во Охридско Езеро, ветрот ги однел далеку од брегот

Спасени две девојки во Охридско Езеро, ветрот ги однел далеку од брегот

Две девојки на возраст од 19 и 18 години вчера се спасени во водите на Охридското Езеро откако силниот ветер и голеите бранови ги однел далеку од брегот.

   Вчера (28.07.2026) во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во Охрид било пријавено дека две лица кои со „СУП“ даски пловеле во водите на Охридското езеро на околу 1000 метри од езерскиот брег, наспроти авто камп во Охрид, со извикување барале помош. Полициски службеници од езерската полиција, веднаш се упатени на посочената локација, по што на околу 2000 метри оддалеченост ги забележале двете лица на даските, кои се обидувале да го одржат пловењето и барале помош, информира денес МВР.

Девојките бзбедно се пренесени во просториите на езерската полиција.

– Со цел зголемена безбедност на вода, СВР Охрид и езерската полиција упатуваат апел до сите капачи и корисници на „Суп“ даски или педалинки да не се оддалечуваат од означените безбедносни зони и да ги почитуваат безбедносните мерки, велат од МВР.

ПредходнаСкопје би можел да остане два и пол месеци без летови за Брисел
СледнаРусија распиша меѓународна потерница по основачот на Телеграм